Македонија
12. February 2016 - 16:52

Партиската поврзаност на СЈО излезе на виделина

Во истиот ден, кога Катица Јанева отвори истрага за наводни изборни злоупотреби кон функционери на ВМРО-ДПМНЕ, без срам и перде го побара предметот на Зоран Заев во кој што тој е обвинет за примање на поткуп од 200.000 евра.

Како што знае целата македонска јавност, според закон специјалното обвинителство е надлежно само за предмети кои произлегуваат од нелегално стекнатите прислушувани разговори. Предметот на Заев нема никаква врска со овие телефонски разговори. Опозицискиот лидер беше снимен со Посебни Истражни Мерки, одредени од обвинителството како бара пари од струмички бизнисмен.

Со ова, Катица Јанева, по којзнае кој пат потврди дека работи под дикатат на Зоран Заев, и покрај тоа што го ослободи Зоран Верушевски кој што е обвинет во предмет за нелегално прислушување, сега сака да го ослободи и лидерот на СДСМ на истиот начин.

Специјалната Обвинителка Катица Јанева потврди дека најважната мисија и е да го спаси Зоран Заев.