Свет
24. October 2016 - 13:02

Партија на литванските селани и зелената унија најави разговори за коалициска влада

Литванската опозициска Партија на литванските селани и зелената унија (ЛПГУ) прогласи победа по вчерашниот втор круг од парламентарните избори и наведе дека ќе почне преговори со конзерватвците и социјалдемократите за формирање на коалициска влада.

- Нашата влада ќе биде транспарентна, одговорна, професионална и одлучна, истакна Саулиус Сквернелис, кандидат на ЛПГУ за премиер.

Во Парламентот кој има 141 пратеник, ЛПГУ освои најмногу места - 56.

Конзервативната Унија за татковината, која во првиот круг освои најголем број гласови, во вториот освои 30 мандати, а досегашните владејачки социјалдемократи - 17 места.

Главна причина за победа на опозицијата е незадоволството од левичарската влада, пред се поради ниските плати и големиот одлив на работна сила од земјата.