Македонија
18. October 2016 - 16:09

Партиите влегуваат во официјална предизборна трка со подготвени програми

ВМРО- ДПМНЕ ја најавува најобемната и најконкретна програма со илјадници проекти за граѓаните. Од таму велат дека акцентот ќе биде ставен на економијата и подобрувањето на животниот стандард. Но големо внимание ќе биде посветено и на образованието, здравството, инфраструктурата, културата и безбедноста. Десетици мерки за младите и спортот веќе беа промовирани.

Дека ќе се работи за најобемниот програмски документ досега викендов најави лидерот на партијата Никола Груевски.

-Нашата програма е готова, и таа е најобемната програма досега. Содржи бројни конкретни проекти и многу позитивни изненадувања за граѓаните, за бизнис заедницата, посебно за малите и средни бизниси, за синдикатите, за земјоделците, за здравствените работници, за студентите, пензионерите, работниците, невработените, најави Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Содржи мерки, со конкретни буџети, чекори и реформи кои ќе им донесат на нашите граѓани многу нови и позитивни работи, кои ќе им го променат секојдневнието, олеснат животот, ќе им отворат нови можности и перспективи.“, најави Груевски од партискиот собир.

И СДСМ најавува конкретна програма со проекти кои ќе одговорат на потребите на граѓаните. Програмата насловена како „“План за Македонија“ партијата ја усвојуваше на програмскиот конгрес на 2ри октомври.

ОД ДУИ и ДПА не одговорија на прашањето на Сител со какви програми ќе ја побараат довербата од гласачите.

Партиите во изминатиот период промовираа дел од своите програмски приоритети но официјалната презентација на програмите согласно Изборниот законик започнува со стартот на изборната кампања.