Македонија
14. October 2015 - 19:18

Партиите постигнаа договор за Изборниот законик - исполнети условите за избори во април

По повеќемесечни преговори, четирите политички партии постигнаа договор за изборниот законик, со кој се обезбедуваат услови за одржување на предвремените парламентари избори во април следната година. Задоволство од услогласување на политичките ставови изрази и европскиот медијатор во преговарачкиот процес, Питер Ванхауте.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ се избори дијаспората и натаму ќе има свои претставници во парламентот.

Според Илија Димовски, диајспората ќе гласа според пропорционален модел,во една изборна единица со избор на тројца пратеници. Државната изборна комисија и натаму ќе одлучува со мнозинство, освен во одредени случаи по барање на немнозинските заедници.

Димовски потенцираше дека во текот на преговорите СДСМ се откажале од активната регистрација на гласачите. Изборниот список ќе се споредува со сите државни датабази.

поради одлуката на судсккиот совет да не ги прифати целиот тим предложен од специјалната јавна обвинителка, Социјалдемократскиот сојуз ги напуши денешните преговори. Тим на СДСМ се повлече во партиското седиште на консултации.

Повлекувањето на СДСМ од преговорите според Димовски е само уште еден показател на стравот на опозицијата од соочување  со граѓаните на избори. ВМРО-ДПМНЕ го поддржа законот за специјалното обвинителство и стои зад изборот на Катица Јанева.

Во следниот период политичките партии ќе треба да одлучуваат и за Законот со кои ќе се спречи злоупотребата на незаконските материјали и Законот за укажувачите. До 20 октомври треба да се промени и Законот за Влада за да може да се изберат и новите заменици министри.