Партиите на Баша и Круемади најавија посилна опозиција
Опозициската Демократска партја (ДП) на Љуљзим Баша и Движењето за социјалистичка партија (ЛСИ) на Моника Круемади најавија силна опозција, постигнувајќи го првиот договор.
Двете партии се согласиле една од парламентарните комисии, кои им припаѓаат на демократите, да и ја отстапат на ЛСИ, чиј поранешен лидер беше Илир Мета.
- На средбата на лидерката на ЛСИ, Моника Круемади со потпретседателот на ДП Едмонд Спахо, кој воедно е координатор на пратеничката група на оваа партија, била постигната согласност парламентарната комисија за здравство да и прпадне на ЛСИ. Така, наместо Бард Спахиу, претседател на комисијата ќе биде Петрит Васили, кој во еден период во претходната влада на Рама беше министер за здравство, пишува електронското издание на весникот „Панорама“.
Останатите две комисии одредени за опозицијата, онаа за евроинтеграција и таа за медиуми, ќе ги раководат демократите Генц Поло и Албана Вокши.
Партијата Движење за социјалистичка интеграција, која во тоа време ја раководеше Илир Мета, сопруг на Круемади, а сега шеф на албанската држава, беше дел од владата „Рама1“. На изборите од 25 јуни настапи самостојно, освен за изборна единица Корча, каде беше во коалиција со Македонска алијанса за европска интеграција - МАЕИ.
Ново на Сител
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина
-
Д-р Беќаровски заминува од Клиниката за токсикологија