Свет
29. August 2016 - 8:30

Парламетот во Естонија денеска ќе гласа за претседател

Националната изборна комисија на Естонија регистрирала тројца кандидати за учество во првиот круг на претседателските избори, кој ќе се одржи денеска на седница на естонскиот парламент. 

- Тројцата кандидати за првиот круг се државјани на Естонија, кои добија поддршка од по 21 претеник за нивната кандидатура, изјави претседателот на комисијаа Мелис Ерик. 

Одобрените кандидати за местото на сегашниот претседател Томас Хендрик Илвес се заменик-претседателот на парламентарната група на Централистичката партија Мајлис Репс, поранешниот правен канцелар Алар Јокс и претседателот на естонскиот парламент Ејки Нестор Илвес, чијшто мандат истекува во октомври. 

Естонската изборна комисија смета дека мали се шансите кој било од кандидатите да го добие неопходното мнозинство од две третини во парламентот составен од 101 член.