Македонија
6. November 2017 - 16:26

Парламентот почна со седници - На дневен ред извештајот на народниот правобранител

Проблематичен е избирачкиот список, смета Народниот правобранител. Тој вели дека во изборниот процес се повредуваат и правата на избирачите, а надлежните органи потфрлуваат во спроведување на процесот. Ова се само дел од забелешките на Обмудсманот кој денеска пред народните избраници го презентираше извештајот за човековите права и слободи во 2016-та година.

Народниот правобранител констатирал и непрофесионалност на полицијата, незаконско депортирање бегалци, противуставно оданочување на граѓаните. Според Мемети, во последниот годишен извештај има пораст од четири проценти на повредата на човековите слободи и права во државата.. Регистрирани се 1.523 случаи. За пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, извештаите на правобранителот се идентични секоја година и неопходно е поголем ангажман на институциите за решавање на состојбите.. Дел од пратениците го обвинија омбудсманот за селективност во неговата работа.

Годишниот извештај го изгласаа пратениците но и понатаму нема конкретни мерки за човековите права и слободи во државата на кои предупредува народниот правобранител.