Свет
16. February 2016 - 23:31

Парламентот на Франција изгласа продолжување на вонредната состојба

Вонредната состојба, воведена во Франција по нападите во ноември, ќе биде продолжена за уште три месеци, до 26 мај.

Националното собрание денеска со 212 гласови „за“ ии 21 „против“ изгласа продолжување на вонредната состојба.

Минатата недека одлуката беше одобрена од Сенатот.