Македонија
15. March 2018 - 20:12

Парламентот ги усвои измените на Законот за заштита од пушење

Легализирано пушењето во целосно затворените летни тераси од угостителските локали. Со 41 глас “За”, 14 “против” и еден воздржан, пратениците од владејачкото мнозинство ги изгласаа измените во Законот за пушење по скратена постапка.

Пратениците од опозицијата не беа присутни во салата.

Во пресрет на гласањето се одвиваше бурна дебата меѓу дел од пратениците кои беа против изгласувањето на овие измени и предлагачот Томислав Тунтев. Според нив, со носењето на овој закон се загрозуваат животите, како на пушачите, така и на непушачите.

Со измените на Законот не се укинува забраната за пушење во институциите и јавните установи, канцелариите, на автобуските и железничките станици, како и во другите затворени простории.