Свет
26. February 2016 - 11:34

Парламентарни избори во Иран

Во Иран денеска се одржуваат избори за членови на Националното консулативно собрание и на Советот на експерти.

Иранскиот врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи ги повика избирачите да излезат во голем број и на тој начин да ги „разочараат непријателите на Иран“. 

- Големиот одзив ќе ги разочара непријателите на Иран, порача Хамнеи, апелирајќи до граѓаните „мудро да ги бираат своите претставници“. 

Речиси 55 милиони Иранци имаат право на глас на денешните избори, кои во голема мерка се сметаат како референдум за работата на претседателот Хасан Рохани, откако минатата година беше постигнат нуклеарениот договор со кој на Иран му беа укинати меѓународните санкции во замена за ограничување на нуклеарните активности во земјата. 

Иранците на 53.000 избирачки места ќе гласаат за избор на 290 пратеници во Националното консулативно собрание и 88 членови на Советот на експерт, чија основна задача е избор на врховниот верски лидер.