Балкан
8. November 2015 - 20:17

Парламентарни избори во Хрватска

3,8 милиони хрвати со право на глас  избираат 151 пратеник  со мандат од 4 години. Главните конкуренти за нивните гласови   се владејачката Социјалдемократска партија  на премиерот Зоран Милановиќ и опозициската Хрватска демократска заедница  која ја води екс  министерот  за внатрешни работи Томислав Карамарко.

- Ова се најважните избори во  последните 4 години. Ова досега беше игра, сега почнува вистинската работа, порача актулниот  хрватски премиер Зоран Миланович.

- Верувам дека  излезноста ќе биде голема. Верувам  дека ова ке биде празник   на  демократијата што Хрватска го заслужува изјави  лидерот на највијателната опозициска партија ХДЗ , Томислав Карамарко.

Изборите од аналитичарите се оценети како неизвесни , без апсолутен победник. Според нив  мала е веројтаноста    дека било која од двете највијателни партии на  власта и опозицијата  п СДП и ХДЗ ке може самата да формира влада.  Економијата и бегалската криза доминираа во  предизборната кампања, но не изостанаа ниту критиките кон своите ривали. За пратеничките мандати се натпреваруваат 2.311 кандидати од 166 партии, коалиции, движења, здруженија

- Ги  повикувам сите граѓани на Хрватска со право на глас  да излезат и да го дадат својот глас, бидејќи денес  одлучуваме за нашата судбина за наредните 4 години, апелираше Хрватската претседателка Колинда Грабар  Китаровиќ. 

 Ова се осми парламентарни избори во независна Хрватска ,  а новитет е таканаречениот преференцијален сиситем, при што избирачот покрај што ќе гласа за кандидатската листа, на неа ќе можат да заокружи и име на кандидат на кој му дава предност да биде избран за пратеник, меѓу сите останати предложени кандидати.