Македонија
30. January 2017 - 16:48

Паркови и зеленило: Сечата на тополите и сувите дрвја во урбаните средини во Скопје ќе продолжи

Сечата на тополите и сувите дрвја во урбаните средини во Скопје ќе продолжи. Поради штетите кои ги предизвикуваат но и поради потребата од создавање соодветно ѓубриво за одржување на цвеќињата кои се одгледуваат , паркови и зеленило одлучи  да се исечат повеќе стебла. Ваквите дрвја минатата година предизвикале материјални штети за што по судска пресуда,  од ЈП се  исплатени  повеќе од 960 000 денари. Најкритични се стеблата крај булеварот Србија во Аеродром, на бул 8ми септември кај Драмски и долж Илинденска.  

За тополите и сувите дрвја не пости документ со кој се одобрува нивно отстранување, па затоа за подобрување на еколошката состојба во градот, маркирани се  повеќе стебла.

- Оваа недела исечени се малку повеќе од вообичаено, тополи и суви дрвја, . за 8 г. 800 тополи, во програмата се уште 70тина тополи во урбаниот дел.оваа недела 5 деградирани, 1платан, 1 сув јасен, 1 сувлипа, - вели Душан Авировиќ директор на ЈП Паркови и зеленило.

За секое исечено дрво во градот, паркови и зеленило засадува по три нови стебла. Во март е предвидено да се засадат нови 4040 увезени висококвалитетни стебла. Лани биле засадени 2000 увозни и уште 3000 стебла произведени во претријатието.