Свет
16. November 2015 - 12:30

Париз: Уапсени 23 лица, 104 се во домашен притвор

Најмалку 23 лица се уапсени во рација, која ја организира француската полиција во врска со терористичките напади, кои се случија во петокот во Париз. 

Полицијата истакна дека најмалку 104 лица се ставени во домашен притвор. 

Во рацијата се запленети и 31 парче огнено оружје, соопшти француското Министерство за внатрешни работи.