Македонија
5. August 2016 - 15:28

Параглајдерист повреден, паднал кај Ќафасан

Д.Џ. (37) од Скопје е повреден откако вчера, летајќи со параглајдер, паднал на местото „Три Шилки“ во близина ка граничниот премин Ќафасан.

Како што соопшти полицијата, несреќата се случила околу 13:30 часот, а на Д.Џ. му е скршена клучната коска.

По укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар - Струга, параглајдеристот е пренесен во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.