Свет
7. December 2017 - 17:05

Папата сака подобар превод на Оче наш

 - Папата Франциско сака Римокатоличката црква да  усвои подобар превод на фразата „не воведувај не во искушение“ од Оче наш, најпознатата христијанска молитва.

- Тоа не е добар превод, изјави папата во телевизиско интервју.

Папата вели дека Бог не е тој кој луѓето ги доведува во искушение.

Тој укажа на фактот дека Римокатоличката црква во Франција ја изменила фразата во молитвата, така што сега таа гласи „не допуштај да паднеме во искушение“ и потенцираше дека нешто слично треба да се примени и во другите места