Loading Video...
Свет
29. April 2017 - 22:03

Папата повика на обединување против верскиот екстремизам

Папата Францис ги повика муслиманските лидери да се обединат во откажувањето од религиозен екстремизам, во текот на  неговата дводневна посета на Египет. Папата во Каиро имаше средба со египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси, и  со низа  верски и политички лидери, повторувајќи  ја својата порака дека дијалогот е единствениот начин за надминување на различностите. Францис истакна дека никакво насилство не може да биде извршено во името на Бог, бидејќи тоа ќе биде сквернавење на неговото име. 

Папата  денес одржа миса на стадион во Каиро, на кој присуствуваа најмалку 10.000 египетски римокатолички верници со најстроги мерки на безбедност .