Папата и Меркел меѓу лауреатите на Меѓународниот центар за мир
Меѓународниот центар за мир (ИПЦ) од Сараево реши својата тадиционална наградата „Слобода“, оваа година да им ја додели на папата Франциско, германскиот канцелар Ангела Меркел, босанскиот реис ул улема Хусеин Кавазовиќ, Европскиот парламент и Програмата за развој на ОН (УНДП).
Центарот ја доделува наградата „Слобода“ по повод Меѓународниот ден на човековите права на лица и огранизации кои ја облежале годината со својата борба за човековите права и слободи, достоинството и хуманоста.
Како што соопшти претседателот на Меѓународниот центар за мир Ибрахим Спахиќ, петмината овогодишни добитници е избрани поради нивниот „исклучителен придонес за Босна и Херцеговина, Европа и светот во времето на тешки кризи“.
Тој нагласи дека праведната распределба и разумното користење на сите добра и природни ресурси, соработката, мирот и сигурноста на сите граѓани се услов за обезедување одржлив развој на општетсвото.
Темелите на современиот живот и влијанието на благосостојбата на човештвото, зависат од меѓусебната почит и богатството на културните разлики, посветеноста на мисијата за мир и спречување на причините за судири и војни во светот, како и од борбата против сиромаштијата и од солидарноста со мигрантите, се наведува во обалзожението на наградите.
Суштинското зачување со промените во светот, како и сите облици на насилство и тероризам и нивните лоши последици по секој човек, семејството или заедницата, бара превенција и акција од сите луѓе на нашата планета, но и посебно работење и морална сила на лицата и одговорно делување на организациите и институциите, соопшти Меѓународниот центар за мир.
Ново на Сител
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година