Свет
22. January 2017 - 11:48

Папата Франциско: Прво да видиме што ќе направи Трамп, па потоа проценка

Папата Франциско изјави дека ќе почека да види како работи новиот американски претседател пред да формулира мислење за него.

Во интервју за шпански „Паис“ тој вели дека не сака да суди прерано за луѓето.

– Мора да почекаме. Ќе видиме како ќе се однесува и што ќе преземе и потоа ќе донесеме мислење за него, смета тој.

Запрашан за коментар појава на популистички лидери во САД и Европа, папата предупредува на потрага за спасители во кризни времиња.

– Во кризни времиња луѓето бараат спасители кои ќе вратат идентитет....Кризите предизвикуваат страв, а мислам дека најдобар пример за тоа е Германија во 1933 година. Луѓето кои биле во криза барале идентитет се додека не се појавил харизматичниот лидер (Хитлер) и вети дека ќе им го врати идентитетот. Сите знаеме што потоа се случи, изјави папата Франциско.