Loading Video...
Свет
8. January 2018 - 18:23

Папата Францис – нуклеарниот пожар може случајно да почне

Папата Францис во обраќањето познато како „Состојба во светот“ апелира до сите нации да го поддржат дијалогот со цел да се намалат тензиите на Корејскиот Полуостров и да се работи на правно обврзувачката забрана на нуклеарното оружје.Поглаварот на Римокатоличката црква, цитирајќи документ објавен од папата Јован Дваесет и трети за време на Студената војна , рече дека нуклeарното оружје мора да биде забрането.Папата Францис потенцира дека „не може да се негира дека пожарот може да почне случајно или во непредвидени услови“. Неговиот апел до дипломатите е еден ден пред најавените разговори помеѓу Северна и Јужна Кореја. Папата упати повик и за зачувување на статус кво на Ерусалим,а се осврна и на климатските промени, повикувајќи ги државите да го почитуваат Парискиот договор за намалување на емисиите на јаглерод диоксид.