Џет-Сет
12. October 2017 - 16:26

Папараците ги фатија: Овие фотографии покажуваат во каков однос се навистина Шакира и Пике

Веста дека Шакира се разведува од Жерард Пике ја изненади светската јавност. Многумина се разочараа кога слушнаа дека славната пејачка ќе стави точка на врската со фудбалерот, меѓутоа изгледа не е се така црно.

Имено, тие двајцата се фатени синоќа како се бакнуваат и гушкаат на куќниот праг. Со ова ставија точка на наводните приказни за прекинувањето на романсат. 

Со Шакира и Пике на фотографијата е и Тонино, братот на познатата пејачка.

Овие папарацо фотографии привлекоа внимание, но и израдуваа многумина. Инаку Шакира и Пике се во врска од 2010 година, кога се запознаа на снимањето на спотот за песната "Waka waka" која беше химна на Светското првенство во Јужна Африка. Имаат два сина, Милан и Саша.

Да потсетиме, се шпекулираше дека Шакира го оставила фудбалерот поради неговиот голем порок - коцкањето.