Балкан
1. March 2017 - 23:10

Пападопулу: Дијалогот меѓу Белград и Приштина нема алтернатива

Шефицата на Еулекс, Александра Пападопулу изјави денеска дека дијалогот меѓу Белград и Приштина нема алтернатива, истакнувајќи дека Еулекс е подготвен да помогне при техничката примена на договореното.

Таа денеска го посети северниот дел на Косово и се сретна со претседателите на општините Лепосавиќ и Звечан.

На одвоените средби разговарале за прашања поврзани со слободата на движење, матичните книги и регистарските таблици. 

Пападопулу ја потенцира и потребата за постојано конструктивно ангажирање на претседателите на општините, нагласувајќи дека таквата соработка е од клучно значење за локалната заедница.

За време на посетата таа се сретна и со шефицата на општинската администрација во Северна Митровица, Адријана Хоџиќ, со која е разговарано за напредокот и предизвиците во работата на канцеларијата.