Кошарка
25. April 2017 - 11:16

Пао бара казна за Перо

Кошаркарите на Панатинаикос губат со 2-0 од Фенербахче во плеј-оф серијата во Евролигата и почнаа со поплаки за што  и официјално упатија писмо до челниците на Евролигата, поради однесувањето на македонскиот интернационалец Антиќ, но и поради лошите одлуки на судиите. 

Според Грците, Антиќ со своите гестикулации провоцирал кон публиката, а судиите имале неколку лоши одлуки. Поради тоа, од ПАО бараат да има и казни за Антиќ и судиите на тој меч. 

Вечерва се игра третиот меч во Истанбул.