Балкан
23. August 2017 - 9:13

Паника во живо: На новинарка буквално и гореше под нозе додека известуваше за пожарот во БиХ

За време на јавувањето во живо од пожарот во подрачјето на Чапљина, репортерката на ТВ Н1 Џенана Каминиќ останала во шок кога огнот буквално и дојде до местото каде стоеше.

Додека известуваше за пожарот кој се приближи до куќите во населбата Модрич, репортерката се зачуди кога пожарот и стигна под нејзините нозе, што можеа да видат и гледачите од нејзиното јавување во живо.

Репортерката објасни дека мора да се помрдне, па скокна на страна, а потоа некој влета во кадарот за да го изгасне пламенто. Таа и покрај тоа продолжи да известува.