Македонија
12. September 2016 - 12:41

Паника во „City Mall“, граѓаните евакуирани по вчерашниот земјотрес

Скопје вчера го тресеа неколку земјотреси, а најсилниот со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала беше оној во 15.07 часот.
 
Земјотресот предизвика паника кај граѓаните кои ги напуштија своите домови, но и јавните објекти каде се најдоа во тој момент.
 
Таков беше случајот во „City Mall“ каде купувачите беа евакуирани, а трговскиот центар вчера беше затворен.