Македонија
21. јуни 2017 - 14:01

Паника во Битола, ноќеска гореа неколку возила

Ноќеска околу 03.25 часот на ул. „Благојче Сиљановски“ во Битола, од засега непознати причини, било опожарено патничко возило „Ауди“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на М.Ш.К. (37) од Битола.
 
Од пожарот биле зафатени предниот и задниот дел од возилото. Исто така, било опожарено и патничко возило „Рено Твинго“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.Х. (47). Од страна на екипа на Територијалната противпожарна единица Битола пожарот бил изгаснат.
 
Увид извршила екипа на СВР Битола.