Свет
20. October 2017 - 12:02

Паника: Велика Британија ја очекува хаос - граѓаните ќе се соочат со кобен викенд

Бурата Брајан во текот на викендот ќе погоди делови на Велика Британија и од Ирска, соопшти ирскиот метеоролошки завод.

За сабота е издадено жолто предупредување за силни ветрови и можни поплави во делови на јужна и западна Англија и Велс, а портокалово за Република Ирска за можни „значителни“ последици.

Се предвидува бурата со ветрови со јачина до 112 километри на час во раните утрински часови в сабота да погоди делови на југозападна Ирска.