Свет
3. April 2017 - 14:37

Паника и мртви тела - терористички напад во метро во Санкт Петерсбург?!

Раша тудеј, повикувајќи се на очевидци, објави дека се случила експлозија во метрото во Санкт Петерсбург.

Од објавените фотографии на социјалните мрежи, се гледа оштетен вагон на метрото и многу чад. Според очевидци, се случила експлозија во која има и жртви. Но засега нема официјална потврда. Локалните спасувачки служби потврдиле дека се повикани за интервеција поради чад во метро станицата.

Повеќе детали наскоро.