Македонија
10. January 2016 - 16:49

Панихида за Мара Бунева во Скопје - За македонските бугари, Македонците се измислена нација

Со бугарски знамиња и песни и годинава се одбележа смртта на Мара Бунева. Стотина бугари но и македонци со бугарско национално чувство се поклонија пред спомен плочата на кејот на Вардар. Присутните се собраа пред црквата Св. Димитрија и подоцна продефилираа до обележјето поставено во нејзина чест. Забележително беше засилено полициско присуство бидејќи овој настан во минатите години беше место за физички пресметки и инциденти. Меѓу присутните беше и бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски кој изјави дека Бунева не треба да биде лик кој ќе ги дели македонците и бугарите.

И додека Џамбаски упати умерени пораки за соработка, аа Лазар Младенов, Претседател на бугарскиот клуб во земјава, инаку макеоднски државјанин, македонската нација е измислена.

Мара Бунева во историјата ќе биде запамтена како жената која извршила атентат врз Велимир Прелиќ кој бил симбол на српската власт над Македонија. Во државата мислењата за делото на Бунева се поделени бидејќи едни сметаат дека се залагала за независна Македонија додека според други таа ја застапувала бугарската кауза.