Македонија
25. February 2017 - 19:11

Панихида за бранителите во манастирот „Свети Јоаким Осоговски“

Претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Ѓорѓе Иванов денеска присуствуваше на панихидата за  загинатите бранители од конфликтот во 2001 година и од настаните од мај 2015 во Куманово,  одржана во манастирот св.Јоаким Осоговски , кај Крива Паланка.

Во својот говор пред присутните Иванов рече дека мора да простуваме,  но не и да заборавиме за што ги положија своите животи овие млади луѓе.

-Тука сме да им оддадеме почит на бранителите, но и на нивните најблиски, зашто тагата треба да се сподели, но и да им кажеме дека нивната жртва и дело нема да бидат заборавени. Овде има и инвалиди, повредени, велам, раните на телото зараснуваат, но раните на душата, никогаш. Затоа овој настан ќе прерасне во традиција за да сите идни млади поколенија  знаат дека за ова што денс го имаме некој го дал животот-изјави Ѓорѓе Иванов, претседател на РМ

Бранителите од Крива Паланка порачаа дека тие жртви не биле залудни. Има кој мисли на татковината, има Македонци кои до последна капка крв ќе се борат оваа држава да остане таква каква што е.

-Ова не е никаква политика, не е ниту ВМРО, ниту СДСМ, ова е чиста одбрана на  татковината. Никој не може да ја погази вољата на народот, а народот сака унитарна држава, со еден и единствен јазик, Македонски, рече Тарчлуловски, изјави Јохан Тарчуловски,пратеник и  бранител

-Оваа наша замисла почна од минатата година да организираме панихида за загинатите бранители, изјави Константин Стојановски, Здружение на воени инвалиди„Бранител 2001“

Министерството за одбрана посветува исклучително внимание на сите припадници на АРМ и безбедносните сили кои ги положиле животите за државата истакна држаниот секретар, Елизабета Чуповска-Ристова.

-Сите здруженија на бранители добиваат соодветна поддршка и соработка за соодветна валоризација на нивните права како и што поцелосна промоција, изјави Елизабета Чуповска-Ристова, државен секретар во МО

 Настанот е во организација на Здружението на воените инвалиди „Бранител 2001“, но присуствуваа членови на сите здруженија  на бранители од  државата, претставници на АРМ, МВР, пратеници, семејствата на загинатите, роднини и пријатели.