Фудбал
30. August 2016 - 19:40

Пандев и Димитровски се приклучија на подготовките

Фудбалската репрезентцаија од денеска во комплетен состав ги продолжува подготовките за првиот натпревар со Албанија од квалификациите за Светското првенство.

На селецијата и се приклучија капитенот Горан пандев и голманот Столе Димитриевски. Македонија во Скопје ќе тренира до сабота, кога заминува за Скадар каде на 5.септември ќе се игра дуелот.

Репрезентацијата до 21 година која има шанси да го освои второто место во групата, овој месец ќе има двојна програма на 2.септември гостува кај Шкотска, а на 6.септември на Националната Арена Филип Втори ја пречекува селекцијата на Северна Ирска. Во групата е прва Франција со 14 бодови, а Македонија и Исланд имаат по 12.