Панама официјално побара од САД екстрадирање на поранешниот претседател Мартинели
Панама официјално побара од САД екстрадирање на поранешниот панамски претседател Рикардо Мартинели, кој сега живее во Мајами, Флорида.
Мартинели беше обвинет во Панама за шпионажа и следење на комуникација на околу 150 лица, меѓу кои бизнисмени, новинари, претставници на граѓанското општество и членови на опозицијата.
Во декември панамскиот Врховен суд издаде наредба за негово апсење.
Противниците на Мартинели го обвинија дека за време на мандатот, од 2009 до 2014 година, воспоставил „цивилна диктатура“ во земјата.
Рикардо Мартинели (64) е богат бизнисмен, која во неговата земја освен за овој случај, е обвинет и за злоупотреба на договорт за испорака на храна во панамските училишта во вредност од 45 милиони долари.
Некои од министрите на Мартинели и негови блиски веќе се во затвор поради нивна наводна улога во афери за злоупотреба на срества и корупција.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари