Македонија
20. April 2017 - 17:19

Паметни училници со кинески пари во скопските училишта

Интерактивни табли, системи за видео конференции, таблети – ова е дел од опремата што ја поседуваат СМАРТ училниците  во скопските училишта.

Современата компјутерска техника е донација од Народна Република Кина а таа е резултат на успешната соработка со Владата на Република Македонија.

Премиерот Емил Димитриев вели дека модернизацијата на македонскиот образовен систем придонесува за унапредување на информатичките вештини на учениците..

Современата кумпјутерска опрема ќе се инсталирана во 27 училишта во Скопје.

Нејзината вредност изнесува 7 милиони евра. Дел од кинеската донација користи и Факултеот за информатички науки и компјутерско инженерство.

Според Амбасадорката на Кина во земјава, освен учениците корист од новата опрема ќе имаат и наставниците.

Целиот проект за опремување на СМАРТ училниците е предвидено да заврши во септември.. Четири училишта веќе ја добија опремата и се работи на едукација за нејзина употреба.

СМАРТ училниците се дополнителна помош во напорите за унапредување на образованието, потенцираше премиерот Димитриев.

Вели дека Владата претходно обезбеди компјутери за сите ученици и интерактивни табли а воведе и предмети со основи за програмирање и работа со компјутери.

Видеа од Македонија

  •  
  • Страна 1