Свет
13. August 2017 - 12:31

Пакистан: Во експлозија на бомба загинаа 15 лица

Во напад извршен од страна на екстремисти врз воен камион во Квета, во југозападниот дел на Пакистан, загинаа осум војници и седум цивили. 

Пакистанската војска соопшти дека, во експлозијата се повредени 25 лица, од кои 15 цивили. 

Од експлозијата, што се случи во провинцијата Белуџистан, изгореле неколку возила. 

Локалните власти наведоа, дека нападот се случил во близина на приватна болница