Македонија
25. јуни 2017 - 16:55

Пакети за социјално загорзените семесјтва од муслиманска вероисповед по повод Рамазан Бајрам

Општинската организација на СДСМ Центар по повод Рамазан Бајрам вчера и денеска донираше над 300 пакети со храна за социјално загрозените семејства од муслиманска вероисповед од населбите Кале и Крњево во општина Центар и од населбата Топаана во општина Чаир. 

Покрај тоа, делеа и готвена храна, со цел верниците да можат да го прослават празникот достоинствено и со полна трпеза.

- Рамазан Бајрам е најголемиот муслимански празник и затоа решивме да го одбележиме на достоинствен начин заедно со нашите сограѓани од општина Центар. Рамазан Бајрам е симбол на мирот, хармонијата и соживотот и на вакви денови се потсетуваме кои се всушност најважните работи во животот. Хармонијата и соживотот во нашата општина треба да ги градиме секој ден и постојано да работиме на подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани, изјави претседателот на ОО на СДСМ Центар, Саша Богдановиќ.