Фудбал
21. January 2017 - 9:55

Паје во тесно, сега и Марсеј не го сака?!

Раководството на Олимпик Марсеј реши во зимскиот преоден рок да не го реализира трансферот на Димитри Паје од Вест Хем.
Трансферот на Паје е премногу компликуван и скап, тешко може да се реализира поради што челниците на Олимпик Марсеј решиле да пронајдат друго решение во средниот ред.
 
Димитри Паје одби да игра за Вест Хем, истакнувајќи дека поради семејни проблеми сака да се врати во татковината. Неговиот поранешен клуб Олимпик Марсеј покажа интерес, понуди сума од 20 милиони евра која лондонскиот клуб ја одби.
 
Сепак, според одредени медиуми, францускиот клуб бил подготвен да ја зголеми понудата на 29 милиони евра, но во петокот, преговорите помеѓу клубовите пропаднале.
 
Паје бил подготвен да заработува 30 отсто помалку од она што го заработуваше во Вест Хем, а исто така одбил и три финансиски богати понуди од Кина.