Фудбал
20. January 2017 - 13:47

Паје во немилост на навивачите , избега во Франција

Откако се потврди веста дека Дмитри Паје одлучил дефинитивно да го напушти Вест Хем  искршен е неговиот автомобил пред куќата во која живее во Лондон. 

Како што се наведува вандали со цигли ги искршиле стаклата на автомобилот по што Паје одлучил да ја напушти Англија и да се врати во Франција. 

Паје одби да тренира со првиот тим на Вест Хем бидејќи сака да се врати во Марсеј по само 1.5 година на Острвот. Потегот според него е од фамилијарни причини. 

Паје поради Марсеј каде би заработувал за 30 % помала плата во однос на сегашната , одбил три понуди од Кина вредни дури 30 милиони евра годишно.