Балкан
20. March 2018 - 11:24

"Падна" уште еден свештеник: Поп од Крушевац дилал дрога, па е уапсен во Врњачка Бања

Полицијата во Врњачка Бања вчера околу 20 часот кај С.М. (26), свештеник од Крушевац, пронашла 52 грама канабис и 55 грама амфетамин.

Дројата која била пронајдена кај свештеникот била наменета за продавање во Врњачка Бања.

На свештеникот С.М. одредена му е мерка задржување до 48 часа, по што во законски рок ќе биде приведен кај надлежен судија во Краљево.