Бизнис
7. September 2017 - 17:11

Пад на невработеноста во вториот квартал годинава објави државната статистика

Пад  на невработеноста во вториот квартал годинава објави државната статистика. Стапката изнесува 22,6%, што во однос на првиот квартал е намалуање од 0,3 процентни поени. За експертите падот е очекуван со оглед на зголемената побарувачка на работна сила во првиот квартал, кога дневно се барале и по 8,000 работници.  – како од странските, така и од домашните фирми. За да продолжи падот, неопоходни се сериозни реформи. Прво во образованието и второ ставање крај на сивата економија. Од Агенциите за посредување при вработување велат дека и оваа година средните стручни  школи се празни, односно не се запишале доволно  ученици  колку што му се потребни на пазарот.

-Најнеопходни  се мајсторите, лицата со средна стручна спрема. За да е стимулираат учениците да се запишуваат во стручните школи,, кои и натаму ќе бидат најбарни на пазарот на труд, потребно е газдите да сфатат дека мора да ги покачат платите., изјави Раде Ненадиќ, Агенција за посредување при вработување

Државата има капацитет и механизам да го  реши и проблемот со сивата економија, каде губитник е токму државата. Според проценките на Ненадиќ околу 170 илјади лица работат на црно.

- Значи тие земаат плата, а го оштетуваат буџетот. Еве  сега во сезона за собирање грозје, пиперки, краставички, одете во кавадаречкиот, неготинскиот регион, ќе видите 10 илјади сезонци кои земнаат дневница по 1.500, 1.700 денари, што не е воопшто малку, но го оштетруваат буџетот. Не се плаќаат придонеси за нив, не се плаќаат даноци, државата не зема ништо, додава Ненадиќ

Побарувачката на работници со високо образовани е лимитирана само на имформатичари, програмери, и лица од машинската струка. Висококвалификуван кадар од општествените науки, во моментов не бара ниту една компанија.