Балкан
18. September 2017 - 8:24

Пацоли: Има Албанци кои извршиле воени злосторства и ќе бидат осудени за тоа

Косовскиот вицепремиер и шеф на дипломатијата, Беџет Пацоли изјави дека има Албанци кои извршиле воени злосторства во Косово и оти за тоа ќе бидат осудени.

- Добро е што ќе има обвиненија против оние кои навистина извршиле воени злосторства и има Албанци кои се виновни. Тие треба да се казнат за тоа, смета Пацоли за швајцарскиот јавен сервис.

Пацоли е убеден дека Специјалниот суд за воени злосторства во Косово нема да покрене обвиненија против косовската политичка елита, посебно против оние кои веќе биле судени во Европскиот суд, како што е случајот со премиерот Рамуш Харадинај.

- Лицата кои веќе биле во судот во Хаг, а потоа биле ослободени, се вратија и сега работат за државата, посочил Пацоли.

Косовците веќе две години чекаат обвиненија од Специјалниот суд за воени злосторства, кој е формиран во 2015 година по изгласувањето на одлуката од страна на косовските пратеници.