Живот
4. December 2017 - 13:03

Пациенти се жалеле дека долго ги чекаат лекарите, а тогаш мeдицинска сестра покажала како изгледа "вистински итен случај"

Медицинска сестра од Германија, Кај Мјулер, била исфрустрирана со однесувањето на пациенти кои без причина доаѓаат на Итна помош, па на Фејсбук објавила фотографија со која на сите сака да покаже како изгледа "вистински итен случај".

Фотографијата е направена во соба за итен прием на пациенти и прикажува хаос кој е оставен по операција, а сета медицинска опрема е прекриена со крв.

Покрај фотографијата напишала: "Повторно имав пациент во Итната помош кој праша зошто мора да се чека два часа. Сакам да му ја покажам оваа фотографија".

Медицинската сестра верува дека со оваа фотограија пациентите ќе сфатат дека некои "итни случаи" мора да почекаат.