Македонија
24. August 2015 - 16:25

Пациент скокна од вториот кат на болница

Во изминатите 24 часа, во Прилеп се случиле две самоубиства, кои, според првичните информации, најверојатно биле последица на претходни нервни растројства. Вчера утрото, од вториот кат на Хируршкото одделние на прилепската Болница, скокнал веќе хоспитализиран 62-годишен прилепчанец. По падот тој покажувал знаци на живот, по што веднаш му била укажана лекарска помош, но, по неколку часа од хоспитализацијата на Одделнението за Интензивна нега, Славе В., сепак, им подлегнал на повредите.
 
Неофицијално, според исказите на роднините, тој подолго време имал нарушено психичко здравје, кое освен со другите симптоми, се манифестирало и со суицидни сколоности, при што тој на неколку пати веќе се обидувал да се самоубие.
 
Утринава, пак, во својата семејна куќа од страна своите родители обесен бил пронајден 41-годишениот прилепчанец О. Ѓ., кој, исто така, како што дознаваме, неколку години наназад имал сериозни проблеми со психичкото здравје, за што бил и соодветно лекуван.