Loading Video...
Свет
6. January 2018 - 17:56

Пациент испадна од амбулантно возило и почина во Србија

Еден пациент загина откако испадна од возило на Брза помош во Србија.Несреќата се случила синоќа  кај Грделичката Клисура на магистралниот пат Врање-Ниш. Возилото на Брза помош тргнало да претекнува камион, но во тој момент наишол автомобил од спротивниот правец. Со цел да го избегне , возачот на амбулантното возило  нагло свртел и удрил во банкината, при што пациентот испаднал од возилото и починал. Тоа создало голем сообраќаен метеж на патот.

ТАЧИ  И ХАРАДИНАЈ СЕ ОЧЕКУВААТ ПРЕД СПЕЦИЈАЛНИОТ СУД

Бриселскиот портал ЕУОбзервер објави дека се очекува пред Специјалниот суд за злосторства на ОВК да се најдат косовскиот претседател Хашим Тачи и пратеникот од Алијансата за иднина на Косово Даут Харадинај, брат на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, кои се  поранешни команданти во ОВК.Во текстот се наведува дека партијата на  Рамуш Харадинај минатиот месец се обидела да го спречи законот со кој Косово се обврзува на соработка со тој трибунал и дека тој  во Ѓаковица изјавил дека бил против тој закон додека бил во опозиција и оти и сега е против него.Порталот  тврди дека неговиот брат Даут минатата недела рекол дека „со првото апсење на Специјалниот суд“ веднаш ќе се „активираат“ поранешните борци од ОВК.

КОНФЛИКТ  МЕЃУ САД И РУСИЈА ВО ОН ПОРАДИ ИРАН

На вонредната седница на Советот за безбедност на ОН за протестите во Иран, САД и Русија влегоа во отворен конфликт. Американската амбасадорка во Њујорк, Ники Хејли, предупреди дека немирите можат да прераснат во поголем конфликт, повлекувајќи паралели со сириската војна. Москва го обвини Вашингтон за вмешување во внатрешните работи на Иран, аргументирајќи дека Советот за безбедност не е соодветно тело за дискутирање за протестите, а со ист став се и Кина, Боливија и Етиопија. Иранскиот амбасадор во ОН,  ја осуди  седницата како фарса и губење време,и  „бесмислен пример на американско заплашување“, во период на постоење такви кризни жаришта во светот како Блискиот исток и Јемен.

ДВА АВИОНИ СЕ СУДРИЈА  НА АЕРОДРОМОТ ПИРСОН ВО ТОРОНТО

 Авион  слетал на аеродромот Пирсон во Торонто и чекал на паркинг кога во него удрил друг празен авион.По сударот избил пожар, а на пистата веднаш пристигнале пожарникари и итни служби.Неколку патници се со лесни повреди, но сите 168 патници и шест членови на екипажот се безбедно евакуирани.Тие се наоѓале во млазниот авион кој пристигнал од Мексико и чекал на паркингот за истоварување.Патниците испаничени излегле спуштајќи се на тобоган, бидејќи скалите не можеле да се поврзат со вратите.