Живот
16. February 2016 - 11:20

“Ожени ме, бебето е на пат, нема што да се чека”

Интересна приказна доаѓа од Бања Лука. Како што пренесе mojkontakt.com, една девојка го запросила своето момче преку билборд.

„Саша сакаш ли да се ожениш за мене? Бебето е на пат, нема веќе што да се чека. Те сака твојата Елена”.

Вака гласела пораката на билбордот кој осамнал во градот, кој предизвика цела лавини позитивни и негативни коментари. Иако некои помислија дека е шега, Јелена објасни што се случува.

– Го добив билбордот на наградна игра и победив со најкреативна порака. Моето момче кога виде премногу се израдува, вели девојката.