Свет
26. February 2016 - 9:01

Озборн лобира во Г-20 за подготвеност од евентуале брегзит

Британскиот мнистер за финансии Џорџ Озборн лобира во Г-20 да бидат подготвени за опасностите од евентуално излегување на Британија од Европската унија, објави Фајненшал тајмс.

Озборн изразил надеж дека еден од важните резултати на средбата на министрите за финансии од Г-20 денеска и утре во Шангај ќе биде давање поддршка од групата за останување на Велика Британија во ЕУ, наведува весникот повикувајќи се на извори блиски до Озборн.

Кинески претставници споделиле стравувања од евентуален брегзит на билатерални средби во Пекинг во средата.

Шефот на ММФ Кристин Лагард упатила предупредување во интервју за Си-Ен-Ен во средата од евентуален брегзит укажувајќи на „евентуални негативни сценарија на сите фронтови“.