Џет-Сет
26. May 2017 - 9:23

Овој српски фолкер живее во дворец, ѕирнете во неговиот дом од бајките

Милош Бојаниќ од естрадните случувања се скри во луксузна вила во близина на Нови Сад.

Се што заработил во својата досегашна кариера, фолк пејачот го вложил во опремување со луксузни недвижности и купување на скапоцени олдтајмери, за кои има голема страст. Веќе извесно време го нема на домашната естрада, бидејќи ужива во својот малечот дворец во близина на Нови Сад.

Foto: Printskrin

Со помош на дрон камера на „Папарацо лов“ од птичја перспектива може да се забележи оваа интересна градба во која живее пејачот на народна музика. Како што може да се забележи, куќата на Бојаниќ видно се разликува од соседските, и со право може да се нарече дека неговиот дом изгледа како од бајка.

Foto: Printskrin
 

Милош не сакал како своите соседи да има покрив од стандардни црепови, па соѕидал импозантни куполи кои го привлекуваат вниманието на секој кој ќе се најде во близина.

Foto: Printskrin

Од љубопитните погледи на првите соседи се крие со високи елки кои ја красат неговата преубава градина.