Бизнис
7. July 2015 - 16:50

Овој месец почнуваат со работа две фабрики во Скопје и Штип, а почнува градба на четири нови фабрики во Кичево, Охрид, Прилеп и Штип

Инвестициски бум среде лето. Две фабрики овој месец ќе почнат со работа. Уште четири во текот на август ќе стартуваат со градба. Во овие шест компании ќе има работа за 5000 работници.

Kомпаниите кои ќе почнат со работа се Техникл текјстил во Штип и Дијатек во Скопје. А градежните активности ќе ги започнат КСС во Кичево, ОДВ во Охирд, Гентерм во Прилеп и Кондево во Штип. Новите фабрики ќе се градат на територијата на цела Македонија што е одлично за рамномерниот регионален развој.

-Ова е исклучително добра вест и потврда за напорите кои ги правиме за зголемена економска активност и отворање на нови работни места за граѓаните, каде и покрај кризата и предизвиците со кои се соочуваме цврсто продолжуваме со она што сме го ветиле, вели премиерот Груевски.

Наесен со градба ќе почнат и компаниите кои неодамна објавија инвестиции во земјава. За оваа година најавено е дека над 20 нови комапнии ќе инвестираат во Македонија, а очекувањата се дека ќе отворат околу 14.000 работни места.