Македонија
25. May 2017 - 11:31

Овој маж исчезна, доколку имате информација еве каде да се јавите

Четириесет и три годишниот М.С. од Брвеница, Тетово исчезнал пред два дена. Случајот во полиција вчера го пријавил неговиот брат.
 
Според пријавата, М.С. на 23-ти месецов во 5:30 часот излегол од дома и се оддалечил во непознат правец. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
 
На социјалните мрежи, пак, се спроделуваат информации за тоа како бил облечен М.С. во моментот кога излегол од дома.
 
-Облечен во кремаста јакна и фармерки. Од вчера е пријавен за исчезнат. Било каква информација доколку сте го забележале, ве молиме да пријавите во полициска станица или на тел.072240881, е статусот кој со негова фотографија се споделува на социјалните мрежи.