-->
-->
Овие апликации највеќе ја трошат батеријата на мобилниот телефон
-->
Компанијата која се занимава со антивирусен софтвер AVG Technologies, објави листа на апликации кои имаат многу негативно влијание врз функционирањето на вашиот смартфон.
Станува збор за апликации кои ви ја исцрпуваат батеријата, ја трошат меморијата и интернетот.
Компанијата ги анализирала податоците добиени од милион корисници, а на самиот врв од листата се наоѓа апликацијата Spotify.
И додека оваа апликација кога е активна може да го успори телефонот, се чини дека Фејсбук може да го направи истото и кога апликацијата е исклучена.
Истиот момент кога ќе го уклучите телефонот, Фејсбук апликацијата почнува да ја успорува неговата работа.
Кога се во прашање апликациите кои го трошат интернетот, Tumblr е дефинитивно лидер, а веднаш за него се наоѓаат Snapchat, BBC News, Netflix i Spotify.
„Многу од нас секојдневно користат практични апликации, како оние кои ни даваат временска прогноза, и покрај тоа што поминуваме многу малку време со нив, нивното негативно влијание може да биде значајно. Голем број апликации може негативно да влијаат врз работата на смартфонот, и тоа без никаква оправдана причина“, изјави претставник на оваа компанија.
Еве кои апликации можат да влијаат на перформансите на вашиот смартфон:
Апликации кои влијаат врз целокупната работа на уредот:
1. Spotify Music
2. Amazon Kindle
3. LINE; Free Calls and Messages
4. Samsung WatchON (Video)
5. Snapchat
Апликации кои трошат најмногу интернет:
1. Tumblr
2. Snapchat
3. BBC News
4. Netflix
5. Spotify Music
Апликации кои заземаат интерна меморија:
1. Spotify Music
2. Chrome Browser
3. Line camera
4. Amazon Kindle
5. Sound Cloud
Апликации кои ја трошат батеријата:
1. Beaming Service for Samsung
2. Security Policy Updates
3. Facebook
4. Weather & Clock Widget
5. Lookout Security & Antivirus
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка