Живот
7. September 2015 - 11:21

Оваа слика го полуде Фејсбук: Да хранев две кучиња цел живот ќе ме чуваа, а не два сина

Во судот ме осудија дека сум полудел и дека сум лишен од секакво право на гласање.

На интернет кружи фотографија со надгробен споменик од српски домаќин кој одлучил на плоча, каде обично се пишиува пофалби за фамилијата тој решил да напише се што го мачело во неговиот живот.

Сите маки на овој свет ги составил во неколку реченици, откривајќи какви синови имал.

-Да чував две кучиња би ја бранеле куќата и мене цел живот. Синот Јанко го образував на факултет. Синот Јован за ТВ техничар. Плацеви и згради им направив. На суд ме осудија дека сум полудел и лишен бев од секакво право на глас. Во болница бараа да ме пратат во лудница. Ја бараат мојата разрушена и недоградена куќа. Мене ме избркаа од куќата во дом за стари лица во Шабац. 48 пати викаа полиција. Ме давеа ноќе. Ме напаѓаа со секири, ножеви, лопат и тупаници. Ме труеа 10 пати.

Фотографијата предизвикала големо внимание. Еве некои од коментарите на Фејсбук. "Штета што нема продолжение може го задавиле" "Семејни Вредности"