Балкан
25. January 2017 - 11:55

Оваа недела ќе се знае датум за референдумот за уставни промени во Турција

Изборната комисија на Турција се очекува да објави оваа недела датум за референдум за уставните промени, јавуваат турски медиуми.

Референдумот најверојатно ќе се одржи меѓу 1 и 10 април.

– Сметам дека претседателот ќе одобри оваа недела датум за спроведување на референдумот, изјави турскиот премиер Бинали Јилдирим.